Во Холандија Ден на жалост поради жртвите во несреќата на малезискиот авион

Од:

Во Холандија денеска е прогласен Ден на жалост поради 193-те холандски државјани кои загинаа при уривање на малезискиот авион во источниот дел на Украина.

Истражните органи на меѓународната полициска агенција Интерпол денеска започнаа процес на идентификација на настраданите на летот МХ17 со 298 патници и членови на екипажот.

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека среда е прогласен за Ден на жалост, кога во Холандија ќе бидат пренесени првите тела на жртвите во минатонеделната авионска несреќа.

Интерпол соопшти дека нејзин тим во Украина денеска започнал со идентификација на жртвите.

– Досега собраните посмртни останки на жртвите се обележани и преброени, пред да бидат префрлени со вагони-ладилници од Доњецк до определениот оперативен центар во Харков, каде тимот на Интерпол, заедно со други меѓународни екипи за идентификација, ќе извршат првични прегледи, се наведува во соопштението од седиштето на агенцијата во Лион.

Во меѓувреме, претставникот на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина, Михаел Бочурков истакна дека на местото на уривањето на малезискиот авион се уште има остатоци од телата на жртвите.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина