Унгарија единствена со максимален учинок на ЕП во ватерполо

Од:

Со одигрувањето на дуелот меѓу домаќинот Унгарија и Хрватска синоќа заврши групната фаза на Европското првеснтво во ватерполо по што е познат распоредот за нок-аут фазата во борбата за медалите.

Унгарија со победата над Хрватска со 7:6 е единствената селекција со максимален учинок, додека без пораз покрај нив се уште и Црна Гора и Италија.
Во последното 5.то коло од фазата по групи беа постигнати следниве резултати: Црна Гора – Грузија 17:2, Русија – Романија 8:11, Грција – Италија 9:9 (А група), Франција – Германија 8:7, Србија – Шпанија 8:6 и Унгарија – Хрватска 7:6.

Табела А група: Црна Гора 13 бодови, Италија11, Грција 10, Романија 6, Русија 3, Грузија 0.

Табела Б група: Унгарија 15, Србија 10, Хрватска 8, Шпанија 7, Франција 3, Германија 0.

Во четвртфиналето утре играат: Грција – Србија и Италија – Хрватска, додека директен пласман во полуфиналето обезбедија победниците на групите Унгарија и Црна Гора.

Останатите селекции ќе разигруваат за пласман од 7 до 12.место.

Денеска се играат четвртфиналните дуели кај жените: Унгарија – Русија и Италија – Грција, додека Шпанија и Холандија имаат изборено полуфинале.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство