Познати селекциите кои ќе играат во втората фаза на ЕП во ватерполо

Од:

На Европското ватерполо првенство кое се одржува во Будимпешта познати се шесте селекции кои ќе играат во втората фаза.

Пласман во полуфиналето директно досега обезбеди само домашната селекција на Унгарија, која вечерва го игра дербито против Хрватска. Во четвртфиналната рунда од групата „Б“ ќе играат Олимпискиот шампион Хрватска, како и европскиот првак Србија која во директен дуел ја совлада Шпанија со 8:6.

Во групата „А“ Црна Гора со убедливата победата над Грузија денеска со 17:2 се зацврсти на првото место на табелата, па само чудо може да им го одземе полуфиналето на Црногорците. Тие имаат три бодови повеќе во однос на Италија која вечерва игра против Грција, но на „Аѕурите“ за пласман во полуфиналето им е потребна победа со 12 голови разлика.

Токму овие три селекции, Црна Гора, Италија и Грција ќе играат во нокаут фазата.

Во досега завршените натпревари од последното 5.коло во групната фаза постигнати се овие резултати:

Група А: Црна Гора – Грузија 17:2, Романија – Русија 11:8 и Грција – Италија од 19 часот

Табела: Црна Гора 13 бодови, Италија 10 (-1 натпревар помалку), Грција 9 (-1), Романија 6, Русија 3 и Грузија 0.

Група Б: Германија – Франција 8:7, Србија – Шпанија 8:6 и Унгарија – Хрватска од 20:30 часот

Табела: Унгарија 12 бодови (-1 натпревар помалку), Србија 10, Хрватска 8 (-1), Шпанија 7, Франција 3 и Германија 0.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство