Норвежанецот Александер Кристоф по спринтот во самиот финиш победи на денешната етапа на Тур Д’Франс долга 222 километри возена од Таљар до Ним.
Втор трката ја заврши Хајнрих Хослер (Австралија), додека трет беше Петер Саган (Словачка).
Во Генералниот пласман води Винченцо Нибали (Италија) пред Алехандро Валверде (Шпанија) и Ромаин Бардет (Франција).
Утре е слободен ден за велосипедисти кои во вторник ја продолжуваат најпрестижната светска трка во овој спорт.