Мјанмар – силувањето измислено, напнатоста меѓу будистите и муслиманите останува

Од:

Последните меѓурелигиски судири во градот Мандалеј во Мјанмар биле поттикнати од лажна изјава на припадничка на будистичката религија, која тврдела дека во продавница за чај ја силувале двајца муслимани.

По објавувањето на оваа вест во Мандалеј, втор по големина град во Мјанмар, избувнаа меѓурелигиски судири во кои имаше три жртви и десетици ранети.

Полицијата за да ги спречи судирите употреби водени топови и гумени куршуми, а силите на редот добија значително зајакнување од главниот храд.

Властите во Мјанмар стравуваат дека новата верзија околу силуваната жена може да предизвика протести на муслиманите, а и контрапротести, па и судири што би ги оранизирале припадниците на побројната будистичка религија.

Верската нетрпеливост во Мјанмар, особено во Мандалеј е постојано присутна. Во јули 2012 година во овој град во неколкудневните верскимотивирани судири загинаа 260 лица, припадници на двете религии и полицијци.

Би можело да ве интересира

Почнува новата етапа на демократија во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар ослободени 101 политички затвореници

Емир Латифовиќ

Завршувањето на мировниот процес ќе биде примарна задача на новата власт во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Сегашните министри во Мјанмар ќе ги пакуваат куферите, бирократите ќе останат на своите места

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар се вжештува предизборната кампања

Емир Латифовиќ

Амнестија за 6.966 затвореници во Мјанмар

Емир Латифовиќ