На Европското првенство во ватерполо во Будимпешта синоќа беше заокружен четвртиот круг со дербито Црна Гора – Италија кое заврши без победник.
Единствена репрезентација со максимален ефект е Унгарија. Домаќините до четвртата победа дојдоа на убедлив начин против Германија постигнувајќи двојно повеќе голови.
Резултати од 4.коло:
А-група: Грузија – Русија 12:16, Романија – Грција 9:10 и Италија – Црна Гора 6:6.
Табела група А: Италија 10 бодови, Црна Гора 10, Грција 9, Романија 3, Русија 3 и Грузија 0.
Б-група: Шпанија – Франција 13:5, Хрватска – Србија 8:8, Германија – Унгарија 8:16.
Табела група Б: Унгарија 12 бодови, Хрватска 8, Србија 7, Шпанија 7, Германија 0, Франција 0.
Натпреварите од последното коло во групната фаза се играат утре.