На 14. етапа на Тур де Франс возена од Гренобл до Рисул во должина од 177 километри победи Полјакот Рафал Мајка, кој патеката ја мина за 5 часа 8 минути и 28 секунди.
Второто место го освои Виченцо Нибали од Италија, кој е носител на жолата маица и имаше заостанување од 24 секунди, додека на третата позиција се пласира Жан Кристоф Перо (Франција), со заостанување од 26 секунди зад денешниот победник.
Во генералниот пласман води Нибали со вкупно време – 61 час 52 минути и 54 секунди, а вториот Алехандро Валверде има заостаток од 4:37 минути.