Командата на здружените воени сили на Јужна Кореја денеска соопшти дека го поддржува планот за формирање на нова компанија за производство на модерни воени авиони-ловци.
Владата во Сеул веќе ја утврди финансиската конструкција, според која, новата јужнокерајанска фабрика за овој тип авиони ќе чини 10,2 милијарди долари.
Јужнокорејската воена авиоиндустрија веќе има искуство во производство на помали авиони-ловци, кои служат за обука. Новите авиони ќе бидат опремени со два млазни мотори, софистицирана опрема за летање и најмодерни воени средства за борба во воздух.
Јужна Кореја планира новиот капацитет да почне со производство по 2017 година. Не се соопштува колку авиони-ловци ќе се произведуваат, но во некои медиуми се појавија вести дека овие авиони биле интересни и за армиите на неколку држави од регионот.