Македонскиот пливач Марко Блажевски, кој учествува на пливачкиот митинг во Северна Каролина со време на нов македонски рекорд го освои првото место на 200 метри мешано. Блажевски патеката ја исплива за 2:03.65 минути.
Лани на Светското првенство во Барселона, Блажевски 200 мешано исплива за време 2:07.78 минути.
Во добра форма се наоѓа и пливачката Анастасија Богдановски, која на митинг во САД, во Мериленд постигна најдобар резултат со македонски рекорд на 100 метри грбно од 1:06.82 минута.