Дерби натпреварот на 3.коло од Европското првенство во ватерполо што се одржува во Будимпешта го доби домаќинот Унгарија. Синоќа пред своите навивачи тие ја совладаа Србија со 8:6, а клучна за победата беше првата четвртина која им припадна со 2:0.
Резултати 3.коло А група: Италија – Грузија 15:5, Грција – Русија 12:6 и Црна Гора – Романија 13:8.
Табела: Италија 9 бодови, Црна Гора 9, Грција 6, Романија 3, Русија 0, Грузија 0.
Резултати Б група: Франција – Хрватска 11:14, Шпанија – Германија 11:8 и Србија – Унгарија 6:8.
Табела: Унгарија 9, Хрватска 7, Србија 6, Шпанија 4, Германија 0, Франција 0.
Денеска е слободен за ватерполистите, а се играат дуелите од 2.коло кај ватерполистките.