Дерби дуелот од 3. коло на Европското првенство во ватерполо заврши со триумф на домаќинот Унгарија против Србија. Унгарците славеа со 8:6.
За победата решавачка беше првата четвртина која домашните ја добија со 2:0, додека во другите три четвртини резултатот беше нерешен – 3:3; 2:2 и 1:1. Голманот на Унгарија, Атила Декер имаше 13 одбрани и беше еден од најдобрите на теренот.
Резултати 3.коло А група: Италија – Грузија 15:5, Грција – Русија 12:6 и Црна Гора – Романија 13:8.
Табела: Италија 9 бодови, Црна Гора 9, Грција 6, Романија 3, Русија 0, Грузија 0.
Резултати Б група: Франција – Хрватска 11:14, Шпанија – Германија 11:8 и Србија – Унгарија 6:8.
Табела: Унгарија 9, Хрватска 7, Србија 6, Шпанија 4, Германија 0, Франција 0.
Утре е слободен за ватерполистите, а се играат дуелите од 2.коло кај ватерполистките.