Стокхолмскиот окружен суд одлучи денеска да ја остави во сила европската наредба за апсење на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.
Адвокатите на Асанж изјавија дека ќе ја обжалат одлуката.
Шведските власти го бараат Асанж по обвиненија за сексуално злоставување.
Издадената наредба за приведување го принуди Асанж да се крие во еквадорската амбасада во Лондон и да ја оспори наредбата за екстрадиција во Шведска, откако беше уапсен во Велика Британија во 2010 година.