Фаворитите на Европското ватерполо првенство ја оправдаа улогата и остварија сигурни победи во натпреварите од 2. коло, во кое дербито меѓу Хрватска и Шпанија заврши без победник.
Во натпреварите од „А„ групата, селекцијата на Црна Гора ја победи Русија со осум голови разлика 15:7. Грција беше подобра од аутсајдерот Грузија со 13:6, а Италија со 9:4 ја порази Романија.
Во „Б“ групата, актуелниот европски шампион до втората победа на првенството стигна со убедливи 12:7 во дуелот со Германија.
Дуелот меѓу Хрватска и Шпанија го оправда приматот дерби на денот, во кој двете селекции имаа свој период, па на крајот оваа средба заврши без победник 8:8.
Второто коло ќе биде заокружено со вечерашниот натпревар меѓу домаќинот Унгарија и Франција.
Утре ќе започне и турнирот во женска конкуренција.