Македонското знаме на Елисејските полиња

Од:

Македонското знаме, носено од македонски војници, како и четворица млади од Македонија денеска ќе продефилираат на Елисејските полиња на официјалната воена парада со која се слави францускиот национален празник 14 Јули.

Темата на прославата е 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна, а на неа ќе земат учество 76 нации, јавува дописникот на МИА од Париз.

Македонското знаме, заедно со знамињата на уште 75 други земји, кои директно или индиректно учествуваа во Првата светска војна, ќе парадира на „Шанзелизе“ пред почесната трибина на претседателот Франсоа Оланд и претставниците на земјите учесници на прославата. Ќе биде носено од македонски војници и ќе биде меѓу првите кое ќе помине на Елисејските полиња. Учеството на парадата е за да се потсети на жртвите на војниците и на сите оние кои биле вклучени во Првата светска војна.

По дефилето на знамињата ќе парадираат француските воени школи и припадниците на единиците кои зедоа учество во Големата војна со порака: „Тоа се истите луѓе, кои ги бранат истите вредности како во 1914 година“.

На крајот од воената парада ќе биде изведена точка од 300 млади од земјите кои беа вклучени во Првата светска војна, меѓу кои и четворица од Македонија. Точката посветена на мирот ќе биде со музика на Моцарт и пуштање на гулаби.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата