Германецот Тони Мартин од тимот на Омега Фарма Квик Степ е победник на 9-та етапа на овогодинешниот Тур де Франс.
Тој од самиот почеток беше член на бегот и во ридовите успеа да им избега на конкурентите со тоа да ја облече точкестата маичка.
Но поинтересно е што доаѓа до смена на сопственикот на жолтата маичка, неа на утрешната етапа ќе ја носи Французинот Тони Галопен, кој намерно беше пуштен од Астана да ја преземе, што веројатно веќе утре Винченцо Нибали ќе ја облече повторно.