Легендата и поранешен капитен на Реал Мадрид, Фернандо Јеро ќе го замени на клупата на „кралскиот клуб“ Зинедин Зидан и ќе ја има улогата прв помошник на првиот тим. Со ова Јеро ќе му помага во работата на тренерот Карло Анчелоти.
Зидан ќе го презеде резрвниот тим на Реал, третолигашот Кастиља. Јеро за Реал Мадрид играше од 1989 година до 2003 година и притоа на 439 натпревари постигна 102 гола. Титулата шампион на Шпанија ја освои пет пати, а во два наврати беше дел од екипата што ја освои и Лигата на шампионите.