Еден Палестинец беше убиен денеска во Газа при воздушен напад во четвртиот ден од офанзивата на израелската армија во Појасот Газа.
Портпарол на Итната медицинска помош изјави дека жртва е 33-годишен маж од квартот Тел ел Хауа. Петнаесет напади беа извршени врз тој кварт, наведуваат очевидци.
Според израелската армија 184 ракети биле испукани од Газа вчера од кои 44 биле уништени од системот за ПРО. Од почетокот на израелската офанзива околу 90 луѓе беа убиени во Појасот Газа.