Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел побараа од рускиот претседател Владимир Путин да изврши притисок врз сепаратистите во Украина за да ги натера да почнат ефикасни преговори, соопшти денеска Елисејската палата.
Во тројниот телефонски разговор, Оланд и Меркел „побараа од претседателот Путин да го изврши неопходниот притисок врз сепаратистите за да ги натера ефикасно да преговараат и да ги преземе очекуваните конкретни мерки за да се обезбеди контролата на руско-украинската граница“, се наведува во соопштението.
– Наскоро се очекува да се организира нов телефонски разговор во кој освен Меркел, Путин и Оланд ќе учествува и украинскиот претседател Петро Порошенко, прецизира Елисејската палата.
Според коминикето, Оланд и Меркел пред Путин повторно ја истакнале „неопходноста од брзо постигнување политичко решение, чии параметри се познати: двостран прекин на огнот меѓу украинските власти и сепаратистите; создавање механизам за набљудување на границата заедно со ОБСЕ; ослободување на сите заложници“.