Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Луј ван Гал, на „Олд Трафорд“ ќе го донесе холандскиот репрезентативец Весли Снајдер, пишуваат англиските медиуми.
Снајдер е член на Галатасарај, меѓутоа во неговиот договор има клаузула според која со оштета од 16 милиони евра може да го напушти турскиот клуб.
Доколку се точни тврдењата на медиумите, се чека Ван Гал да побара од раководството на премиерлигашот да ја почне процедурата околу ангажирањето на 30-годишниот фудбалер кој игра во средниот ред.