Суд од Марсеј осуди бугарско семејство за искористување на питачи

Од:

Судот од Марсеј осуди шест членови на едно исто семејство со потекло од Бугарија на казна затвор од четири до седум години поради искористување свои сонародници за питачење и проституција, јавува дописникот на МИА од Париз.

Пресудата беше поздравена од Меѓународната организација за борба против современото ропство (ОИЦЕМ), која се појави како граѓанска странка во тужбата. Адвокатот Јан Превост изрази задоволство што судот ја задржа квалификацијата на делото „трговија со луѓе“ и со тоа го изрази отфрлањето на овој начин на искористување на луѓето.

Француските судии по расправата ги осудија на седум години затвор Јордан Христов (46 години), кој бил шеф на кланот, чија „одговорност е огромна“, според обвинителот Арно Фожер.

„Тој е најмногу вмешан со бројот на конторлираните питачи, како и времетраењето на нивната експолатација. Како и неговата централана улога во рамките на заедницата“ – оцени обвинителот.

Неговите двајца синови Стефан (27 години) и Иван (24 години) се осудени на шест и четири години затвор. Помладиот кој самиот се проституирал на улиците во Марсеј, пет месеци експлоатирал една млада бугарска со име Бони, притоа тој ја малтретирал. Во истиот случај се осудени уште три жени: Узелем Мехмедова, сопруга на Јордан на пет години затвор, Василика Станчева Јорданаова, на четири години и Гергана Златанова сопруга на Стефан Христов.

Судот притоа нареди нивно понатамошно држење во затвор, како дефинитвна забрана за престој на француска територија. Тие беа уапсени во јули 2013 година. Обвинителството побара тешки казни, кои треба да послужат како пример, бидејќи „татковината на човековите права не може да толерира да бидат искористувани најслабите и не може да се дозволи Европа да се претвори во простор за трговија со луѓе“.

Според обвинението ова бугарско семејство со ромско потекло фукнционирало како „кланско семејно претпријатие“ со свои пртеставништва на други места во Европа. Со парите кои ги заработувале преку експлаоатацијата на сиромашните во Марсеј, тие го подобрувале нивниот живот во Бугарија, при што се стекнувале и со купување на недвижности.

Истрагата покажа дека шест питачи, често стари имале обврска да останат по дванаесет часови дневно на семафорите, каде питачеле и потоа се што ќе добиеле им го давале на своите експлоататори.

Тие биле сместени во бедни услови во една дива ромска населба во Марсеј, каде живеело и семејството Христов. Судот нареди медицинска-психолошка експертиза на трите жртви кои се појавија во предметот како тужители и ги осуди обвинетите да им платата по 2000 евра оштета. Пред судот за своите страдања сведочеше 23-годишната Бони, по чија пријава во 2013 година дојде апсење. Обвинитете се бранеа и ги отфрлаа сите обвинувања, тврдејќи дека станува збор за „живот во заедница“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата