Холанѓанецот Ларс Бом по 9 години и донесе победа на својата земја на најпрестижната велосипедска трка Тур де Франс на 5-та етапа.
Тој имаше просечна брзина 47 километри на час, што е неверојатно за условите кои се возеше денеска.
Јакоб Фуглсанг од Астана стигна заедно со својот клупски колега на целта, Италијанецот Винченцо Нибали кој заврши трет и останува во жолтата маичка на Тур де Франс и тоа на импресивен начин, зголемувајќи ја предноста пред главниот ривал Алберто Контадор на повеќе од 2 минути.
Сега Фуглсанг е втор со две секунди заостанување, а Саган трет со 44 секунди зад водечкиот.
Најголем губитник на денешната етапа е актуелниот шампион Крис Фрум кој мораше да се откаже поради повреда.