Алжирец планирал напади врз Ајефловата кула и Лувр

Од:

Ајфеловата кула и музејот Лувр во Париз за малку избегнале терористички напади, тврди францускиот дневен весник „Паризиен“.

Според текстот објавен во весникот, како што јави дописникот на МИА од Париз, француската Дирекција за внатрешно разузнување (ДГСИ) како потенцијален извршител на нападите го идентификувала младиот Алжирец Али М. кој веќе пет години живее во Франција.

Алжирец се наоѓа во затвор од пред една година, кога бил уапсен додека се подготвувал да замине во „џихад“ на југот од Алжир. Тој разменувал шифрирани пораки со лидер на исламистичка милитантна груша во кои се сугерирани можни цели за напад, како музејот Лувр, Ајфеловата кула, Фестивалот во Авињон, барови, дискотерки, нуклеарни централи…

Адвокат на Алжирецот, Дафне Пуглиеси во изјава за „Паризиен“ го опишува својот клиент како „младо и слабо лице, жртва на вистинска идоктринација“. Весникот објаснува дека истражните органи со внимание ги чекаат неговите објаснувања за разменетите пораки.

Истражниот антитерористички судија Марк Тредевик посебно стравува од профилите на џихадистите кои се враќаат од Сирија, но според него „главната закана“ за Франција останува групата Ал Каида на исламскиот Магреб. Оваа терористичка организација ја смета Франција за нејзин „непријател број 1“.

Во меѓу време, изутринава француската Влада презентрираше нацрт-законот кој има за цел да ја засили борбата против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата