Селекторот на Германија Јоаким Лев по синоќешната победа над Бразил изјави дека домаќините згрешиле што тргнале со сите сили во напад.
– Бразил уште од самиот старт не нападна со полна снага. А така не може да се игра против Германија. Тие беа под голем психолошки притисок. Се срушија под емоциите кои очигледно за нив беа пресилни. Ние знаевме да го искористиме празниот простор во полето на нивната одбранбена зона и убедливо победивме, истакна Лев.
Германскиот селектор им порача на своите избраници да останат приземјени, бидејќи не е ништо готово.
– Славењето може да продолжи до вечер, а потоа следува враќање на тренинзите и обврските со полна сила. Не очекува уште еден меч против селекција која има голем квалитет. Ова важи и за Аргентина и за Холандија, еден од двата наши ривали во финалето, рече селекторот на „панцирите“ кои синоќа во полуфиналето на Мундијалот го совладаа Бразил со 7:1.