Германија избори финале на 20-то светско првенство, откако во првото полуфинале го прегази домаќинот Бразил со 7-1 (5-0). Германците му го нанесоа најтешкиот пораз на Бразил во неговата историја и воедно суров начин му се реваншираше за поразот во финалето на СП во 2002 година.
Германците му го нанесоа најтешкиот пораз на Бразил во неговата историја и воедно суров начин му се реваншираше за поразот во финалето на СП во 2002 година.
На стадионот во Бело Хоризонте одигра нестварни 30 минути, период во кој постигнапет голови. Иако Бразил подобро го отвори натпреварот, голот кој го постигна Милер во 11.минута целосно ги поремети Бразилците, кои на оваа средба играа без повредениот Нејмар и суспендираниот капитен Тијаго Силва.
По постигнатиот гол Германците се растрчаа по теренот, средниот ред воспостави целосна контрола на теренот и од 23. до 29.минута ја запечати судбината на домаќинот на Мундијалот, а стадионот во Бело Хоризонте стана местото на најтешкиот пораз во историјата на најтрофејната нација на СП-а.
За шест минути голови постигнаа Клосе, Крос два и Кедира. Инаку Тони Крос двата гола ги постигна во интервал од 69 секунди, што не му успеало на ниту еден играч во историјата на светските првенства.
Германците срушија уште еден рекорд, покрај Корс и Клосе (со 16 голови стана најефикасниот фудбалер во Мундијалската историја), никој пред нив за 29 минути не постигнал пет голови.
Бразил пак е третата репрезентација која на едно СП примила пет гола во едно полувреме, претходно пет гола на Мундијалот во 1974 година примиле селекциите на Заир (денешен ДР Конго) и Хаити.
На почетокот од второто полувреме, Бразилците заиграа нешто поангажирано, но можноста да постигнат гол им ја ускрати германскиот голман Нојер, тој најпрвин го одбрани ударот на Оскар, а во интервал од 10 секунди два апти го сопре Паулињо.
Потоа Германија започна повторно да игра, Милер пропушти две шанси, а судбината а Бразилците ја запечати резервистот Ширле со головите кои ги постигна во 69. и 79.минута.
Во последната минута од натпреварот Оскар колку толку ја спаси честа на Бразил.
Противник на Германија во големото финале, кое на 13.јули ќе се одигра во Рио де Жанеиро, ќе биде Аргентина или Холандија, тие својот натпревар ќе го одиграат во среда.