Арапската лига побара одржување итна седница на Советот за безбедност на ОН, откако Израел денеска изврши неколку воздушни напади во Појасот Газа, истакна генералниот секретар на АЛ, Набил ел Араби.
Најмалку 12 Палестинци се убиени, а над 70 се повредени денеска при израелските напади во Појасот Газа.
Израелската безбедносна служба донесе одлука да бидат мобилизирани 40.000 резервисти со цел да се подготви евентуална копнена операција во Појасот Газа за да се спречи ракетирањето од палестинска територија врз јужниот дел на Израел.