Франсоа Оланд во телефонски разговори со Меркел, Обама и Порошенко

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд синоќа имаше телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама во врска со кризата во Украина, додека за утре на истата тема ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел и украинскиот претседател Петро Порошенко, јавува дописникот на МИА од Париз.

– Имав повеќе разговори деновиве за ситуацијата во Украина, утре ќе имам со Меркел, а потоа и со  Порошенко, изјави францускиот претседател по средбата со шефот на владата на Естонија Таави Роивас.

Францускиот претседател притоа подвлече дека ситуацијата во Украина и мерките што треба да бидат преземени ќе бидат разгледани во Европскиот Совет на 16 јули.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата