СП 2014: Уапсен соработник на ФИФА поради нелегална продажба на билети

Од:

Бразилската полиција го уапси Реј Велан, соработник на ФИФА и задолжен за продажба на билети на Светското првенство.

Велан кој е британски државјанин е притворен под обвинение дека е „врвот на пирамидата“ за нелегалната продажба на билети. Тој е уапсен во луксузниот хотел „Копакабана Палс“ во Рио каде се сместени челниците на ФИФА.

Полицијата во Бразил минатата недела уапси 11 лица, членови на меѓународна мрежа која се занимавала со нелегална продажба на влезници за натпреварите од Мундијалот. Сите уапсени се обвинети за препродажба на билети, а од нив некои припаѓале на фудбалерите.

Се проценува дека од препродажба на билети за СП, групата заработувала по 90 милиони долари од турнир, а досега „оперирала“ на четири Мундијали.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска