Претседателите на САД и Франција, Барак Обама и Франсоа Оланд апелираа до рускиот колега Владимир Путин, да изврши притисок врз проруските бунтовници во Источна Украина, да преговараат со Киев.
„Франс прес“ повикувајќи се на соопштение од француската претседателска канцеларија, пренесе дека двајцата лидери апелирале до рускиот претседател да ги принуди „сепаратистите да се согласат на дијалог со украинските власти“ и да се зајакне контролата над руско-украинската граница.
Обама и Оланд се залагаат за состанок со „сепаратистичките елементи со цел да се постигне билатерален договор“, бидејќи според нив единствено политичкото решение може да биде трајно решение за украинската криза.
Украинскиот претседател, Петро Порошенко минатата недела вети дека ќе започне преговори за примирје.
Е. Г.