Службеник на Меѓународната организација за миграција (МОМ) е киднапиран во западната суданска област Дарфур, соопшти претставник на организацијата.
Не се соопштени повеќе детали за киднапирањето.
Западната суданска област веќе 11 години е арена на крвав конфликт меѓу провладини арапски сили и бунтовниците, кои се жалат за маргинализација и барат повеќе права.