Бразилски „Вуду“ свештеник фрлил клетва на најдобриот германски фудбалер во пресрет на полуфиналниот натпревар на Светското првенство.
Домаќинот на шампионатот Бразил утре од 22 часот во Бело Хоризонте ќе игра против Германија во првиот полуфинален меч на Мундијалот.
Хелио Силман „Вуду“ свештеник од Сао Паоли, искористи кукла преку која ја направил магија, односно фрли клетва, на еден германски репрезентативец.
– На нивниот најдобар играч му ги „врзав“ нозете, за да неможе да трча и постигнува голови на натпреварот, изјавил Силман за француската новинска агенција Франс прес.
Тој не сакал да открие на кој играч мисли, но сепак открил дека и досега има изведувано вакви ритуали пред секој натпревар на „Кариоките“ на првенството, на кое Бразил досега оствари четири победи во петте одиграни натпревари.