Саркози е под истрага и за финансирањето на неговата кампања во 2012 година

Од:

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е под истрага и за финансирањето на неговата претседателска кампања во 2012 година, јавија француските медиуми.

Минатата недела против Саркози почна официјална истрага за „активна корупција“ и „трговија со влијание“ во врска со финансирањето на неговата кампања во 2007 година.

Новата истрага, почната на 2 јули, треба да ја оцени законитоста на одлуката на партијата на Саркози – Унијата на народното движење (УМП), да ја плати казната наместо својот кандидат за претседател за да не се надмине лимитот на трошоците во кампањата.

Повод за истрагата е ставот на Националната комисија за трошоци во кампањите и политичкото финансирање од декември 2012 година, во кое се посочува дека Никола Саркози за 363.615 евра го надминал плафонот на дозволените трошоци за својата кампања, што изнесувал 22.509.000 евра.

Кандидатот на десницата немал право да прифати казната да му биде платена од неговата партија, туку наместо тоа требало да врати 153.000 евра и да плати казна, еднаква на сумата со која бил надминат плафонот на трошоците.

Трошоците за кампањата на Саркози ги истражуваат тројца финансиски судии, кои ги проверуваат сомнежите за двојно сметководство во кое еден дел од трошоците на тимот на Саркози биле преземени од неговата партија, како и за допишувањето на некои фактури од страна на една од најмените фирми во кампањата.

Новиот проблем на Саркози со правосудството може да биде дополнителна пречка за неговото евентуално враќање во политиката.

Во средата поранешниот претседател, заедно со својот адвокат Тјери Ерзог и со висок претставник на судскиот систем, беше објект на официјална истрага за „трговија со влијание“ и „активна корупција“ во врска со финансирањето на неговата претседателска камапња во 2007 година и аферата „Бетанкур“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата