Железничката несреќа која се случи пред една година во Франција се должи на лошата состојба на пругата

Од:

Железничката несреќа која се случи на 12 јули во Бретињи (Франција) во која животот го загубија седум лица и триесетина беа повредени, според судските експерти се должи на лошата состојба на пругата, јавува дописникот на МИА од Париз, повикувајќи се на пишувањето на париски „Фигаро“, кој прв дојде до извештајот на експертите.

Ова не е прва истрага по катастрофата во железничката станица во Бретињи сур Орж, кога возот кој се движеше на линијата Париз-Лимож излезе од шините.

Веќе е изработена една внатрешна истрага од страна на државната железница СНЦФ и од Железниќката мрежа на Франција, потоа техничка истрага на Бирото за истраги за копнени несреќи, кои покажаа веќе на пропустите во правилата за одржување на железничките пруги. Односно причината за несреќата е позната, пукнатина која се развива на шината на страните (каде што се спојуваат шините заедно).

Во извештајот на судските експерти се покажува дека „состојбата на пригата била многу лоша“. Инженерите кои ја изработија утврдија дека “Металуршки испитувања кои беа спроведени за да се утврди дека не станува збор за злонамерно дело, и дека процесот кој доведе до целосна дезинтеграција на делот пругата траел неколку месеци и притоа се забележани над 200 аномалии на различни степени на критичност.

Повеќето од овие аномалии биле познати од СНЦФ или од нејзините вработени без притоа да бидат поправени“.

За време на несреќата, возот се движел со 137 км /час на место каде брзината е ограничена на 150 км /час. Со оглед на состојбата на мрежата, експертите велат дека ќе биде “пожелно брзината на возовите да се ограничи на 100 км/ч брзина кога се приближуваат кон станицата Бретињи”.

Останатото во извештајот не изненадува многу: правилата за одржување на пругата не се доволни, тие наметнуваат промена на спојниците на шините секоја година, а не секои три како што стои во сегашните правила. Државната железница и Железничката мрежа на Франција веднаш реагираа на тој извештај со соопштение за јавноста во кое “формално негираат било каква небржност во одржувањето на железничјката пруга кај Бретињи и на други места.“

Објаснувајќи дека “Француската железничка мрежа е предмет на многу висок одржување и постојан мониторинг која ја исклучува констатацијата на ‘досега невидено лошо одржување’ како штои стои во извештајот на експертите. Се разбира при судскиот процес за несреќата, оваа судска експертиза ќе биде оспорувана од државната железница.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата