Мундијалот во Бразил втор по посетеност на стадионите

Од:

Светското првенство во Бразил е второ по  посетеност со просечно 52.762 гледачи по натпревар, соопшти денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Мундијалот во Бразил на листата на посетеност го претекна шампионатот во Германија од 2006 година (52,491), додека на прво место и натаму е мундијалот во  САД во 1994 година, каде на стадионите имаше просечно по 68,991 навивачи.

-Мислиме дека рекордот нема да се менува уште некое време, заради капацитетот на стадионите во Америка, рече портпаролката на ФИФА Делија Фишер.

Досегашните 60 натпревари во Бразил ги следеа 3.165.693 гледачи, а до крајот остануваат да се одиграат уште четири натпревари – двете полуфиналиња, натпреварот за третото место и финалето.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска