(СП 2014) Меси: Ја остваривме првата цел, сега сакаме повеќе

Од:

Првата ѕвезда на Аргентина, Лионел Меси  пласманот на својата селекција во полуфиналето на Мундијалот во Бразил, го оцени како остварување на примарната цел, но најави дека „Гаучосите„ се желни за повеќе од тоа.

– Ја остваривме првата цел, а тоа е да бидеме меѓу четирите најдобри репрезентации на светот. Сега сакаме повеќе и подготвени сме за тоа,  изјави Меси за аргентинските медиуми.

Среќен сум, додаде, за вчерашната победа над Белгија, а сега се насочуваме кон следите обврски, бидејќи нема да биде лесно.

Аргентина вчера со голот на Игуаин во 8-та минута ја победи селекцијата на Белгија со 1:0 во четвртфиналниот натпревар и се пласира во полуфиналето. За место во финалето ќе се бори со селекцијата на Холандија во вториот полуфинален меч на Мундијалот кој ќе се игра во Сао Паоло на 9 јули.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска