БИБЛ лигата ќе се игра по нов систем

Од:

Кошаркарската Балканска лига (БИБЛ) во новата сезона ќе се игра по нов систем. Десетте екипи ќе бидат поделени во две групи, од кои само една нема да продолжи во вториот круг, односно „Топ 8“ фаза. Во неа ќе бидат формирани нови две групи Ц и Д, а тимовите што играле меѓу себе во првата фаза нема повторно да се сретнат, туку ќе се земат во предвид резултатите од претходните нивни дуели.

На завршниот фајнал-фор директен пласман ќе обезбедат само првопласираните тимови, додека второ и трето пласираните ќе разигруваат за двете преостанати места на фајнал-форот.

Сепак и ова не е конечниот систем на натпреварување, бидејќи се зависи од израелските екипи кои најавија учество на четири свои клубови.

Доколку тоа се реализира, клубови од оваа земја во првата фаза ќе бидат сместени во една група од која првопласираните два тима би се пласирале во втората рунда, заедно со шесте најдобри екипи од Балканот (по три од секоја од групите, кои во првата фаза ќе бројат по четири тима).

Новата сезона во БИБЛ лигата ќе стартува на 14 октомври 2014, а ќе заврши на крајот на април 2015.

Според најавите, Македонија ќе ја претставуваа минатогодишните учесници Кожув и Куманово.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ