Во средата беше одбележан светскиот Ден на НЛО, а ова се најпознатите забележани инциденти со „малите зелени“ суштества.
Стар Рим – 214 години пред новата ера
Можеби звучи неверојатно, но римскиот историчар Тит Ливије во 214 година пред новата ера пишувал за фантомски бродови, што блескаат на небото над градот. НЛО ентузујастите веруваат дека тоа е првата официјална средба со НЛО, која што е забележана во историјата.
Над реката Тунгуск во Сибир на 30-ти јуни 1908 година била забележана силна експлозија, од која со земјата била срамнета голема територија со шума. Меѓутоа бидејќи за настанот нема сведоци, постојат шпекулации дека станува збор за уривање на летечка чинија или експлозија на некој друг неидентификуван летечки објект.
Научниците тврдат дека веројатно станува збор за метеорит, сличен на оној кој минатата година го погоди Чељабинск.
Розвел, Ново Мексико 1947 година
На самиот почеток на летото во 1947 година, неидентификуван летечки објект паднал во пустината во близина на Розвел. Војската на САД тврдела дека станува збор за остатоци од експериментален балон, но јавноста била уверена дека се работи за нешто друго.
Големата таинственост, придонела многумина да поверуваат во теорија на завера и дека објектот всушност е летало на вонземјани. Розвел од тогаш стана синоним за НЛО теории.
Вашингтон 1952 година
Контролата на воздушниот сообраќај на Националниот аеродром во Вашингтон на 19-ти јули 1952 година забележала чудна светлина на радарот. Објектите се наоѓале на дваесетина километри југозападно од градот, иако таа вечер немало најавени летови.
Еден од контолорите запишал дека веднаш им било јасно дека се работи за невообичаена ситуација и дека движењата биле сосема поинакви, во однос на оние кои ги прави обичното летало. Во тек на наредните две недели, биле забележани светло портокалови светла над Белата куќа, а средбите со нив биле толку чести, што тогашниот претседател Хери Труман лично барал објаснување од Военото воздухопловство.
На конференцијата за медиуми , која што Военото воздухопловство ја одржало на 29-ти јули, било речено дека светлата се последица на „температурна инверзија“, поради невообичаените временски услови.
Е. Г.