СП 2014: Нов пех за Бразил, се повреди и Вилијан

Од:

Продолжуваат пеховите за домаќинот на Светското фудбалско првенство Бразил.

Откако поради повреда го загубија својот најдобар играч Нејмар, сега „Кариоките“ се соочуваат со нов проблем. На последниот тренинг на Бразил, се повреди и Вилијан, фудбалерот кој требаше да биде замена за Нејмар за полуфиналето против Германија.

Имено, селекторот Луис Фелипе Сколари се реши да им даде одмор на оние играчи што настапија против Колумбија, па така синоќа тренираа само резервите.

Ваквата одлука на Сколари се покажа погрешна бидејќи при еден дуел со Хернанес, фудбалерот на Челзи, Вилијан остана да лежи на теренот, по што придружуван од лекарите на репрезентацијата се упати кон соблекувалната.

Неофицијално, станува збор за повреда на мускулот, па останува да се види дали Вилијан ќе се рехабилитира навреме за да може да настапи на претстојното полуфинале закажано за во вторник.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска