Мнозинството Французи не сакаат Сракози да биде кандидат за претседател на Франција

Од:

Околу две третини од Французите (65%) не сакуваат Никола Саркози да биде кандидат за претседател на Франција во 2017 година, покажува испитувањето на јавното мислење направено од институтот БВА за Ителе и весникот Паризиен-Ожурдуи, јавува дописникот на МИА од Париз.

Испитувањето доаѓа само неколку дена откако поранешниот француски претседател, обвинет за „активна корупција“,„трговија со влијание“ и „прикривање и прекршување на професионалната тајна”,   во радио и телевизиското интревју најави дека ќе размисли и на крајот од август или на почетокот од септември ќе одлучи дали ќе биде кандидат за претседател на опозициската УМП, и со тоа да биде „природен“ кандидат за претседател на Франција во 2017 на оваа партија.

Од симпатизерите на десницата, 34 проценти сакаат Саркози да биде кандидат за претседател, додека кај левицата  94 отсто се против.

Начинот на кој Никола Саркози се појави пред медиумите, бранејќи се од обвиненијата, ги наведува Французите да мислат дека тој ќе се врати во политиката. Дури 70 проценти од испитаниците се убедени во тоа.

Истовремено, 57 отсто од испитаните Французи сметаат дека со аферите кои го следат поранешниот претседател УМП не треба да го претстави Саркози како свој кандидат, додека 41 процент го мислат спротивното.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата