Полиција поставила експлозив, но заборавила каде го сокрила

Од:

Во тек на специјални вежби на аеродромот во Марсеј, француската полиција поставила експлозив, но подоцна заборавила каде го сокрила.

Локалните власти веќе со недели трагаат за него, но безуспешно. Полицијата експлозивот го сокрила во тек на тренинг за кучиња, кои што требале да го откријат.

Но, изгледа кучињата не биле добро тренирани, бидејќи веќе седум дена не можат да го пронајдат, како ни полицијата, која што заборавила каде се наоѓаат 100-те грама „Ц-4“ воен експлозив. Извори од француската полиција наведуваат дека се работи за „стабилен“ производ, кој не е чувствителен и не може да експлодира без уред за детонација.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата