Менаџерот на Манчестер Јунајтед Луис ван Гал побара од раководството да се ослободи од Маруан Фелаини.
Фелаини не ги исполни очекувањата по доаѓањето на „Олд Трафорд“ минатата година од Евертон, но има забележителен настап на Мундијалот во Бразил.
Сепак, ниту добрите игри на СП не го поколебаа новиот тренер на Манчестер да го отпише од составот на кој ќе смета во иднина.
За белгискиот репрезентативец Манчестер плати 27 милиони фунти, а прашење е дали ќе се најде клуб подготвен да одвои приближна сума за услугите на 26-годишниот играч од средниот ред.