Во Лондон започнаа првичните преговори меѓу Барселона и Ливерпул за трансфер на Луис Суарез. Како што јавија англиските медиуми, преговорите одат во добра насока и можно е во скоро време уругвајскиот репрезентативец да го напушти Ливерпул и да стане нов член на Барселона.
Се шпекулира со понуда од Шпанците тешка 87 милиони евра, а барањето на премиерлигашот е 100 милиони евра.
Според најавите можно е во трансферот да биде вклучен и играчот на Барса Алексис Санчез.
Следниве денови се чека одговорот на Ливерпул дали ќе го прифати Санчез како компензација за дел од бараните средства за Суарез или ќе го бара полниот износ.