Врши ли некој притисок врз членовите на АМАН, да се откажат од протестите? Случајно или не, активисти на Граѓанската иницијатива се најдоа на удар на два пати.
Активистка на иницијативата е нападната додека дистрибуирала плакати за последниот протест. Група од неколку помлади момчиња физички ја нападнале, туркајќи ја и влечејќи ја.
Синоќа, по петтиот протест, обиен е дуќанот на еден од активистите на АМАН.
Но според изворот на А1, последните инциденти само го зајакнуваат моралот и решеноста на активистите да истраат во нивните барања за поефтинување на струјата, бензините и парното и да се врати дневната евтина тарифа.