Француската банка „БНП Парибас“ казнета со 8,9 милијарди долари

Од:

Француската банка „БНП Парибас“ во САД е прогласена за виновна заради кршење на санкциите кон Иран, Судан и други земји и заради тоа ќе мора да плати казна од 8,9 милијарди долари.

Американското Министерство за правда соопшти дека француската банка намерно прикрила илјадници трансакции со двете споменати земји, како и со Мјанмар и Куба, во периодот од 2004 до 2012 година, што официјалните претставници на САД го нарекоа сериозно кршење на американскиот закон.

Официјалните американски претставници оценија и дека е ова највисоката казна што  Министерството за правда ја изрекло во случаи на кршење на економски санкции, како и најголема во било кој случај во кој е вклучена некоја банка, пренесуваат агенциите.

Банката „БНП Парибас“ се согласи да ја плати казната во износ од 8,97 милијарди долари и порача дека жали заради неправилностите од минатото кои довеле до ваков исход.

За да го реши спорот „БНП“ се согласила и да отпушти 13 свои работници.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата