Американец го мина Атлантикот со брод на весла

Од:

Американецот Виктор Муни успеа да го мине Атлантскиот Океан патувајќи со седумметарски брод на весла.

Овој 48-годишен жител на Њујорк мина 4.800 километри преку Атлантикот, од Канарските Острови крај африканскиот брег до карипскиот остров Сент Мартен, за 128 дена.

За време на патувањето Муни ослабел 36 килограми.

– Сега тежам 64 килограми, колку што имав во шесто или седмо одделение, изјави вчера Муни по пристигнувањето на Сент Мартен.

Тој веселал секој ден од четири до 19 часот, со тоа што на секој час правел по 30-минутна пауза.

Во поглем дел од времето Океанот беше немирен. – Понекогаш се случиваше да минам 15 километри и кога ќе се разбудам следниот ден со ужас сфаќав дека струите ме вратиле 25 километри назад, вели Муни.

Тој имал мали резерви на храна, па во најголем дел се хранел со риби што ги ловеле при патувањето.

Во текот на авнтурата имал и блиска средба со ајкула, која го нападнала и го оштетиле бродот, но тој сепак успеал да ја избрка и да ги поправи оштетувањата.

Целта на ова патување на Муни била да го привлече вниманието на јавноста на проблемот со СИДА-та, како и во знак на сеќавање на неговиот брат кој во 1983 година почлинал од оваа болест.

Ова е четврти обид на Муни да го мине Атлантикот на ваков начин по трите претходни неуспешни обиди во 2006, 2009 и 2011 година.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ