Дјуран од Албукеркија, во Њу Мексико тврди дека семејниот рецепт за подготвување џем од јаболко го приближил до Исус, чиј што лик наводно го пронашол на лушпата од едно јаболко.
Чистејќи ги јаболките, за да го подготви џемот по рецептот на својата баба, Дјуран на една од последните јаболки го здогледал ликот на Исус, кој во рацете држел мало јагне?!
Тој тврди дека никогаш порано не му се привидувале верски слики на овошје или зеленчук, но дека оваа е јасна како ден и дека тоа е знак од Господ, бидејќи луѓето мора да се променат и да направат светот да стане попозитивен. Да им помагаат на своите блиски и да бидат добри кон другите, пренесе „Дејли меил“.
За да ја пренесе пораката тој објавил фотографија од „благословеното“ јаболко.
Е. Г.