Двајца затвореници од затворот во Дартмор, во Велика Британија успеале да се качат на кровот од зградата, а кога чуварите ги откриле наместо да ги вратат во ќелиите, тие им понудиле масло за сончање, за да не изгорат на сонцето.
Џон Ханкок од Асоцијацијата на затворски чувари, не е воодушевен од потегот на своите колеги.
– Останатите затвореници ќе се охрабрат да го направат истото, а можеби ќе бараат и ладен пијалак и сладолед- вели тој.
По кратки преговори затворениците се согласиле да слезат од кровот и да се вратат во своите ќелии.
Е. Г.