Ако МТВ ги послуша граѓаните, тогаш Македонија нема да учествува на изборот за Песна на Евровизија, кој наредната година ќе се одржи во Австрија.
По настапот на Тијана Дапчевиќ, која со песната „To The Sky“ не успеа да се пласира во финалето на „Евровизија 2014“ во Данска, МТВ како организатор на националниот избор за Песна на Евросонг, спроведе онлајн анкета во која го побара мислењето на граѓаните.
Според моменталните резултати од анкетата Македонија не треба да учествува на Еворвизија. Најголем број гласачи на анкетата се против учеството на Евросонг (Гласови : 8934)
Македонија не треба воопшто да учествува на Евровизија (Гласови : 5007)
Македонскиот претставник треба да биде победникот на Скопскиот фестивал (Гласови : 1588)
Македонскиот претставник треба да се избере по пат на интерна селекција во МРТ Анкетата на МРТВ трае веќе подолг период, но јавниот сервис не објавува до кога ќе трае и дали ќе се почитува волјата на граѓаните. Евровизискиот проект чини многу пари, а токму финансиите беа главната причина поради која годинава од Евровизија се откажаа рекорден број земји, меѓу кои и Србија, Бугарија и Хрватска.