Еден маж со нож нападнал и повредил 11 лица на терминал на меѓународниот аеродром во Ла Паз, пренесуваат боливиските медиуми.
Заменикот на боливискиот министер за внатрешни работи, Хирхе Перес изјави дека напаѓачот е лице со тешки ментални пореметувања.
-Се се случило многу брзо, траело малку повеќе од една минута -вели тој и додава дека двајца од повредените се во тешка состојба.
Како што пренесе „Асошиејтед прес“ останатите жртви се хоспитализирани во болница, но не се животно загрозени. Меѓу повредените е и полицаецот, кој го сопрел напаѓачот, кој по инцидентот е притворен.
Е. Г.