Одред на Ал Каеда денеска во исто време го нападна меѓународниот аеродром и воен штаб во вториот по големина град во јемнската провинција Хадрамаут, Сејун. Во нападите загинаа осум војници, соопшти јемската армија.
Напаѓачите упаднале во аеродромот убивајќи тројца војници на влезот, а потоа стигнале до контролната кула и го саботирале телекомуникацискиот центар. Тие зеле и заложници, но нивниот број е непознат. Потоа следела престрелка со безбедносните сили.
Во исто време бомбаш-самоубиец, припадник на Ал Каеда активирал автомобил-бомба пред командниот штаб на прва воена зона, при што загинале петмина војници.
Армиски офицер потврди дека бомбата експлодирала пред штабот, кој е оддалечен три километри од аеродромот. Ал Каеда повеќе пати се обидува да го заземе аеродромот во Сејун.