Сударот на двата авиона во воздух се случил над холандскиот град Васенар. Имено во несреќата која можела да има трагичен крај, во воздухот дошло до судар кога едниот авион кој што влечел транспарент за холандската партија на христијанските демократи се закачил за крилото на другиот авион во кој се наоѓале четворица кои снимале спот за партијата на холандските социјалисти.
Успеале да се одвојат после неколку секунди, но авионот со оштетеното крило морал принудно да слета на плажата во Васенар.
Инцидентот на двата лесни авиони го истражува холандската агенција за сигурност на воздушниот сообраќај.